Без роаминг во Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово


Граѓаните на државите на Балканот што се уште не се влезени во Европската унија наскоро би можеле да разговараат меѓу себе без да плаќаат високи сметки за роаминг. Според Роберт Орданоски, директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), расположението за да се направи цените на разговорите по телефон да бидат како во матичната држава, е огромно кај регулаторните тела на Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, пишува Вечер.

roaming-charges– Оваа иницијатива е алтернатива на една поранешна иницијатива што произлезе од страна на Македонија, Србија и Црна Гора, а упатена до Европската комисија да дозволи граѓаните на трите држави кога се во ЕУ да разговараат без роаминг. За таа цел и беше потпишан меморандум кој до доставивме до Брисел и се уште чекаме одговор. Ќе бидеме упорни и мислам дека на крај упорноста мора да се исплати. Во тој дел ЕК е поригидна, побирократска, процедурите им се поспори. Затоа пак, сериозно работиме на потпишување на договор со земјите што не се членки на ЕУ да го укинеме роамингот на билатерално ниво. Но, сепак, тоа е доста комплексно, бидејќи во Македонија работат европски оператори…Еве на пример, во Хрватска која влезе во ЕУ имаат изгубено над една милијарда евра од укинувањето на роамингот – вели Орданоски за време на првата јавна седница на АЕК за оваа година каде на претставниците на сите оператори во земјава им беа презентирани идните мерки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1