Регионалниот Центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека поради технички зафати во електросистемот без електрична енергија од 8.30 до 15.30 часот ќе останат корисниците од ул. Радишанска, подулица бр. 18 и корисниците од село Радишани ул. 36/2.
Утре, во периодот од 09.00 до 14.00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од населба Пинтија , поточно лоцирани на ул. Саса бр.30 и Саса бр.18,
од 09.00 до 17.00 часот корисниците од селата Чифлик, Говрлево, Света Петка и Виничиште,
од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Исаија Маџовски, од 10.00 до 14.30 часот, корисниците од село Кучково,
од 10.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Владимир Каваев,
од 10.00 до 15.00 часот корисниците од улиците Брсјачка Буна и Гарсија Лорка,
од 12.00 до 15.00 часот корисниците од улица Леринска од бр. 2 до бр.20,
од 12.00 до 15.00 часот дел од корисниците од село Сарај поточно улиците со број 2, 4, 6 и др,
во периодот од 12.00 до 17.00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. Козле – подулица 1, село Горно Нерези, како и дел од корисниците од село Крушопек и
од 13.30 до 15.30 часот, дел од корисниците од село Радуша.
На 1 ноември 2012 година поради технички зафати без електрична енергија ќе останат во периодот од 08.00 до 17.00 часот, корисниците од ул. Козле – подулица 1, село Горно Нерези, како и дел од корисниците од село Крушопек,
во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Миле Поп Јорданов, Стогово и Јуриј Гагарин, во периодот од 09.00 до 17.00 часот, корисниците од селата Чифлик, Говрлево, Света Петка и Виничиште,
во периодот од 09.30 до 14.00 часо, корисниците од селата Шишево, Горна и Долна Матка, како и дел од корисниците од село Глумово.