Денес Сенди во Македонија – многу дожд и силен ветар


Во Македонија во четврток ке биде облачно со пообилни врнежи од дожд проследени со силен ветар.

Понекаде се очекуваат и да наврнат и до 40 литри на метар квадратен. Ке дува засилен југоисточен, а во западните предели засилен југозападен ветар. Ветарот понекаде ке достигне брзина и до 50 км/ч. Во вечерните  часови врнежите ке престануват. Утринските температури од 3°C до 12°C, а максималните дневни ке достигнат до 9°C односно до 17°C.

Во Скопје ке биде облачно со пообилни врнежи од дожд и ветровито. Ке дува засилен југоисточен ветар. Утринската температура од 8°C, а максималната дневна ке достигне до 14°C.

Во петок во утринските часови појава на магла ке има по котлините и долините, а во текот на денот ке биде претежно сончево со локална облачно. Ке дува засилен ветар со променлив правец. Утринските температури ке се движат од 1°C до 11°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 14°C односно до 22°C.

Во Македонија во сабота во утринските часови ке има појава на магла по котлините и долините, а во текот на денот ке биде претежно сончево. Слаб ветар со променлив правец. Утринските температури од -1°C до 9°C, а максималните дневни температури ке се движат од 14°C до 22°C.

weather4all

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1