Безбедни сме! Со најновите научни откритија ќе може да се предвидат земјотресите!


Тим составен од руски научници и НАСА сметаат дека го пронашле начинот на кој може да се предвидат земјотресите. Ако оваа претпоставка се покаже дека е точна, би можеле да се спасат милиони животи. Но сепак со ова откритие не се сложуваат сите научници кои ги истражуваат земјините потреси. Катастрофалниот земјотрес кој се случи минатата година во Јапонија беше со магнитудна вредност од 9,1. Тимот од научници кој ги набљудуваат земјотресите изјавил дека можеле да знаат оти тој потрес ќе се случи бидејќи атмосферата над епицентарот била загреана осум дена пред да се случи земјотресот.

Рускиот научник Димитар Узонов смета дека притисокот во земјината кора создава гасови како што е радонот кој на таков начин доаѓа во атмосферата и се искачува до висина од 100 милји над површината, таму се јонизита, создавајќи таква топлина која може да се детектира со сателитски снимки.

Тимот на Узонов тврди дека сите потреси кои се случиле во Јапонија и имале магнитудна јачина 7 па и повеќе, ги покажале истите знаци пред да се случат земјотресите.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1