Безбедносните служби го открија организаторот на нападот врз Вучиќ


Српските безбедносни служби го открија организаторот на нападот врз српскиот премиер Александар Вучиќ во Сребреница. Тие го посочија Асим С, висок функционер на босанската владејачка Партија на демократската акција.

Според српски „Блиц“ Асим е соработник на лидерот на Бошњаците,  Бакир Изетбеговиќ, а за инцидентот во Сребреница собрал група криминалци блиски  до Насер Ориќ, кого Белград го бара за воени злосторства над Србите.apagacsl

Српските безбедносни служби имаат и снимки и фотографии од Сребреница кои докажуваат дека Асим С. директно учествувал во нападот над Вучиќ.

На една од нив дури и се гледа како тој,облечен во воена униформа и со беретка на глава, фрла камења врз делегацијата на Вучиќ. На друга фотографија Асим С. е снимен пред почетокот на одбележувањето на годишнината од злосторството во Сребреница.

Асим С. на својот профил на фејсбук сам посочува дека во текот на војната бил доброволец во војската на БиХ, во чија униформа беше во Сребреница, и дека двапати бил ранет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1