Бездомничка малтретирала штитеник на прифатен центар


СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(46), бездомно лице сместено во Прифатниот центар „Чичино Село“, заради сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.bezdomnik1

Пријавената, искористувајќи ја менталната состојба на 39-годишен штитеник од Прифатниот центар, од март до септември 2014 година, истиот го заклучувала во соба со катанец, а на прозорците заковала решетки за да не избега.

Исто така, оштетениот бил физички и психички малтретиран и принудуван да питачи по улиците во Скопје, а паричните средства собрани од питачењето и ги давал на пријавената.

Од страна на судија во претходна постапка на пријавената и е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1