Голема трагедија во Грција: Се судрија 35 возила, 5 мртви и триесетина повредени (Видео)


5 лица го загубија животот, а 30 се повредени во тешка сообраќајна несреќа која денес се случи во близина на Солун. Несреќата ја предизвикал камион во момент кога заради работи на патот биле затворени лентите на автопатот во правец на исток и автомобилите биле пренасочувани на 75 километри западно од Солун. Screenshot_2

Камион, што се приближувал кон местото на пренасочувањето, не ја намалил бризната и се удрил во автомобилот пред него, по што истиот се запалил и удрил во возилата што му доаѓале во пресрет. Грчките служби информираа дека во верижниот судир учествувале 35 возила.

Меѓу повредените има и шестмесечно бебе и дете на 1,5 годишна возраст, кои се роднини и се во критична состојба.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1