Бездомничка направила фустан од 3.000 бонбони и станала милионерка (ФОТО)


Благодарение на интернетот и на социјалните мрежи, денес и најлудата идеја која ќе ви падне на памет може да ни ги оствари соништата и да ве претвори во милионери.

Британката Сара Луис Брајан (27) едвај врзувала крај со крај, работејќи како козметичарка и одгледувајќи ги своите две деца.bezdomnicka

Честопати се потпирала на помошта на нејзините пријатели за да може да ги нахрани децата и да им пружи покрив над главата,бидејќи немале каде да спијат, пишува „Бирмингем мејл“.

Но, тоа се променило кога пред една година во сон и дошла идеја за уникатен предмет за облекување – фустан од бонбоните „ Скитлес“ .

Иако поголемиот број луѓе би се свртеле на другата страна и би продолжиле да спијат по таквиот луд сон, Сара веднаш скокнала од кревет и почнала да пребарува на интернет да види дали веќе постои таков фустан.

Кога се уверила целосно дека тоа во целост е плод на нејзиниот ум, се фрлила на работа.bezdomnicka2

Секој ден работела по шест часа, правејќи фустан и кога конечно бил готов, нејзината фотографија се прошири на интернет и стана вирален хит.

За изработка на фустанот и требале 145 ќесички или 3.000 илјади бонбони и 90 пакувања лепило, но таа успеала.

Сето тоа би останало само уште еден хит на социјалните мрежи доколку фустанот не го забележала дизајнерската компанија „Риплис“ и ја вработила младата дизајнерка.

Сега Сара има сопствена дизајнерска линија наречена по неа и создава облека и чанти кои ги купуваат славните, вклучувајќи ги и сестрите Кардашијан. Сара е најверојатно најдобар пример дека ниту една идеја не е доволно луда за да не може да успее.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1