Бездомник на суд си ја врати спортската добивка која му ја украле пријатели


Насмеаното лице на 54-годишниот Франтишек Вацлавек ја покажува неговата среќа од судската одлука која потврдува дека добивката на спортска прогноза од 1,1 милион евра е негова.

sportskaНеговите двајца пријатели, кои пред четири години со измама му ги одзеле парите, се осудени на 5-годишна затворска казна, јави дописникот на МИА од Прага.

– Среќен сум што ја добив пресудата. За парите ќе си купам стан и ќе патувам, никогаш не сум бил подалеку од Германија, изјави Вацлавек, кој целиот свој живот го минал како бездомник.

Според пресудата, Мирослав Шошка (29) и неговата девојка Јана Черна (35) во 2010 година ја искористиле наивноста на нивниот познаник Франтишек, кој според судските експерти е на ментално ниво на шестгодишно дете и со неговото спортско ливче ја подигнале високата добивка.

Со дел од парите купиле автомобил и голема куќа со базен каде една година живееле заедно со Франтишек, кој се додека не го избркале мислел дека се во негова сопственост.

Обвинетите тврдат дека целата приказна е добро смислена и дека Франтишек воопшто не е наивен и ментално заостанат.

Тие тврдат дека на Франтишек секоја недела му давале пари и ливче кое тој за нив го уплаќал, па следствено и добивката е нивна.

Одлуката на судот не е правосилна и е сосема различна од пресудата во претходната првостепена постапка кога Франтишек не успеа да докаже дека парите од кладилницата се негови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1