Повозорасен бездомник утрово е пронајден починат на плочникот кај месарницата пред Зелено пазарче во Скопје.
Екипата на Плусинфо стаса во моментот кога од погребалното претпријатие „Бутел“ го подигаа телото на бездомникот.
На местото имаше и полиција, како и лекар кој ја констатираше смрт.
Пазарџиите коментираат дека го познавале бездомникот и дека тој речиси секојдневно се движел околу пазарчето во центарот на Скопје.
Како што информираа од полицијата, станува збор за 50-годишен маж, а случајот во полиција бил пријавен во 6.30 часот.