Бездомник се заканил – ќе го убијам Обама за да одам во затвор и имам бесплатно здраство


Жител на Флорида е осуден на затвор, повторно, по заканата дека ќе го убие претседателот на САД, повторно. Стивен Еспалин вели дека се заканил само со цел да добие бесплатна медицинска нега.
Еспалин 57, бил осуден на 18 месеци во федерален затвор откако во 2001 година се заканил дека ќе го убие поранешниот претседател на САД Џорџ Буш. Според иследниците, тој не ја научил лекцијата, па повторно се обидел со закана за домашно изработена бомба дека ќе го убие сегашниот претседател Барак Обама.


stephen-espalin.nДодека се лекувал од срцев удар во декември во 2010 година, Еспалин на тајната служба им соопштил дека неколку часа претходно пред да дојде во болницата успеал да постави бомба во Белата Куќа.
Еспалин изјави дека се надева дека бомбата ќе го убие затоа што не се согласил со неговото политичко раководство.
Помошникот на Сојузниот јавен бранител Робин Росен Еванс, му рекол на американскиот окружен судија Кенет Рискамп, минатата недела, дека немал намера лично, ниту пак способност да изведе ваква закана над претседателот на САД. Но, и поради тоа што не бил сериозен вториот пат судијата, го осудил на четири години затворска казна.
Кога пристигнал во болницата во 2010 година да се лекува од болките кои ги имал во градниот кош, Еспалин користел лажни имиња и излажал дека има здраствено осигурување. Вработените во моментот кога биле подготвени да го исфрлаат, тој споменал за направената нереална бомба.
„Немав намера да му наштетам на претседателот. Сваќам дека не е правилно тоа што го направив, и бев свесен за федералните агенти кои потоа дојдоа да се погрижат за мене.
Во овие две години откако ги направи заканите, Еспалин има добиено медицинска нега во затворот. Неговиот адвокат вели дека наскоро ќе биде подложен и на операција на срцето. Веќе му е дадена инвалидска количка и хемотерапија зад решетки – скап третман за оние кои не се здраствено осигурани.
Иследниците веруваат дека бомбата која што ја опишал Еспалин како големина на кутија за чевли и која содржела експлозивни материјали со надворешни жици, никогаш не била испратена во Вашингтон. Но, без оглед на тоа, Еспалин ја доби потребната здраствена нега, и тоа на начин на кој што никој досега не се обидел, да се закани дека ќе го убие претседателот.
На Еспалин кој бил бездомник пред неговото второ затворање, му било побарано да плати ¼ милион долари надомест. Останува да се види дали ќе ги исплати, но како и да е тој ќе биде подложен на операција на срцето зад решетки.
Во 2011 година сличен настан се случил во Северна Каролина кога човек влегол во банка и побарал еден долар за да може да биде затворен за да добие третман за грбот и проблемите со стапалата.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1