Бездомник си ја заглавил глaвата во канта за ѓубре барајќи храна (Видео)


Бездомник во Абердин, Шкотска барајќи храна низ кантите за ѓубре ја протнал главата во една за подобро да види што има, но се заглавил. Ангажирани биле пожарникарите да го ослободат кутриот бездомник.

52-годишниот бездомник бил заглавен 15 минути пред да биде ослободен.

Бездомникот со име Там викал за помош, по што минувачите ги повикале пожарникарите. Настанот се случил на градскиот плоштад.

Пожарникарите морале со пила да ја пресечат лимената канта за да го извадат човекот. За среќа минал без посериозни повреди. Веднаш бил пренесен во градската болница, каде му биле санирани повредите на главата и лицето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1