Цената на радикализмот – осквернавена црква во Ерусалим (Фото)


Радикални еврејски доселеници вандализирале христијанската црква надвор од Ерусалим, со спреј испишале “Исус е коп*ле” на надворешна врата. Таквите напади се во пораст и покрај тоа што полицијата ветува дека ќе го спречи криминалот од омраза во Светата Земја.


Сини графити осамнаа на вратата на црквата Dormition Abbey која се наоѓа на планината Сион, надвор од ѕидовите на стариот град, а многумина христијани веруваат дека тоа е местото каде што Богородица починала.

“црква беше цел на напади. беа напишани графити против христијанството, се  води истрага за инцидентот “, изјави портпаролот на полицијата Мики Розенфелд за АФП.

вакви  напади се во пораст во последниве месеци, графити има на палестинските и израелските автомобили, џамии, цркви – дури се палат и маслиновите дрва

Во септември, на манастир со портокалов спреј било испишано “Исус е мајмун” , исто така запалена била и влезната дрвена врата на манастирот

Во февруари во манастир во Ерусалим беа испишани пароли “Исус цркни” и “Смрт за христијаните”.
Христијанските лидери го осудија нападот. И Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека тие овие кривични дела мора да бидат строго казнети.

Розенфелд изјави дека се форимирани и посебните истражни единици, создадени за да се откриваат анти-христијански злосторства од омраза.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1