Албански студенти со униктен туризам – Спиење во бункерот на Хоџа за 8 € (Фото)


Во крајбрежниот град Тале, на околу 50 километри од Тирана, десет германски и десет албански студенти создадоа уникатен туристички проект.

Поранешниот бункер е претворен во хотел кој собира осум туристи.
Туристите ќе можат да спијат под 1,3 метри дебел бетон. Поранешниот албански комунистички лидер Енвер Хоџа нареди изградбата на околу 750.000 бункери низ целата земја во текот на седумдесеттите и осумдесеттите години, поради страв од странска инвазија. Бункерите се доказ за неверојатната параноја на албанскиот диктатор, вели Дер Шпигел.

Сега, студентите имаат намера на овие сиви зданија да им најдат туристичка намена. За сега е реновиран еден бункер, но наскоро може да има и повеќе.

Една ноќ во овој хотел бункер чини помалку од осум евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1