Бездомникот Били кој го врати свршеничкиот прстен на Сара Дарлинг кој не сакајќи и паднал во неговата чаша со парички е награден за својата чесност. Сара и нејзиниот сопруг покренале кампања за помош на бездомникот и досега се собрани 130.000 долари.
Сара давајќи му парички на бездомникот без да биде свесна во чашата го ставила и вереничкиот прстен. Следниот ден сфатила дека го нема и се сетила на бездомникот. Се вратила и го пронашла Били, при што го прашала дали случајно му дала нешто што за неа е многу вредно.
“Дали се работи за прстенот? Да, кај мене е, го чував за вас”, одговорил Били и и го вратил прстенот. Сара била воодушевена.
На прашањето зашто не го заложил прстенот и не се тргнал од улицата Били, кој инаку спие под отворено небо, одговорил: “Мојот дедо беше свештеник и тој ме исчува иако сум сега на улица уште имам дел од својот карактер како што тој ме воспита.”
Благодарни Сара и нејзиниот сопруг Били започнале кампања на интернет страницата “giveforward.com” на која се собираат пари за Били. За само една недела биле собрани скоро 130.000 долари.