Тројца вработени во „British Gas“ дошле во мини маркетот на Ентони Ватерс и се заканиле дека ако не го плати долгот ќе му ја исклучат струјата. Тој ги замолил да дозволат да им плати 1 000 фунти, и да почекаат за останатото, но не се согласиле, иако Ентони им рекол дека ќе се убие. Веднаш откако му ја исклучиле струјата тој се обесил – пишува Мирор.
Откако му ја исклучиле струјата, работниците на британската компанија за струја се јавиле во полиција да ги известат за најавата на Ентони дека ќе се самоубие, но во истиот момент тој во својот мини маркет се обесил!
Семејството на Ватерс со огорченост реагира на постапката на компанијата која заработува годишен профит во милијарди, а чиј слоган е „Се грижиме за вашиот свет“.
– Мислам дека Ентони се почувствувал дека не изневерил. Тој бил притеснет до ѕид од тројца вработени во компанијата кои не му дозволиле да си го плати долгот на рати. Мислам дека тоа е одвратно. Можеле да се договорат за некој начин на плаќање, кога работата веќе дошла до овде. Како е можно да не најдат начин кога најавил дека ќе се самоубие. Зарем парите вредат колку еден живот? – вели 87 годишниот татко на Ентони, Кит, кој му ја оставил продавницата на својот син.
Еден од вработените во британската компанија „British Gas“ кој му соопштил на Ентони дека ќе му ја исклучат струјата, Дејвид Пикард, за Мирор објаснува дека не поверувал кога Ентони рекол дека ќе се убие.
– Тоа ни го велат секој ден, но не го мислат. Кога му рековме дека не е доволно да плати 1 000 фунти, тој ги испрати вработените од продавницата дома, ги спушти ролетните, ни рече да ја исклучиме струјата и дека ќе се обеси.
– Веќе имам подготвено јаже, да знаете. Следниот месец ќе наполнев 49 години – им рекол Ентони.
Пикард пак помислил дека Ентони само се обидува да предизвика сожалување. Ја исклучиле струјата и повикале полиција, а Ентони веќе бил мртов.
– Ентони бил човек кој направил се што може да го одржи семејниот бизнис во добра форма, колку што може подолго. Кога веќе не можел да го прави тоа помислил дека единствено што му преостанало е да си го одземе животот – изјави судијата од Братфорд Оливер Лонгстаф кој потврдил дека смртта настапила поради самоубиство.
Од „British Gas“ испратиле соопштение со сочувство и со забелешка дека нивните вработени ја следеле вообичаената процедура.