Бидете дел од првото Drive-In Cinema во Велес!


Поради затворените киносали, како дел од мерките за заштита од COVID – 19, низ некои земји во светот одлично функционираат кината на отворено.

Соцјалната дистанца е загарнтирана, а посетителите уживаат.

Група на млади ентузијасти, успејаа овој тренд да го донесат и кај нас.

Оваа сабота, на 4-ти Јули, во Велес ќе се случи првото DRIVE IN Cinema од Отворен Карактер во нашата држава.

Собраните средства од настанот ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Оваа идеја дојде како резултат на креативност на група млади ентузијасти, кои сакаат да придонесат со иновативни идеи на животот и делувањето на младите луѓе внатре и околу Велес.

Иако овие млади професионално се разновидни, успеаја да се сплотат во нова уникатна младинска организација – Transparent Future, со цел да создаваат проекти и настани од општествен и хуманитарен карактер, и придонесат можности младите да го разубават своето место на живеење без потреба на политичка активност.

Датум на одржување: 04.07.2020 година

Време на отварање на паркинг: 20.30 часот

Почеток на проекција на филмот: 22.00 часот.

Warm – up пред почетокот на филмот: DJ Popeye

Ве замолуваме да ги почитувате сите мерки пропишани од Министерството за Здравство, за да го заштитиме јавното здравје и да покажеме свест и одговорност во овие тешки времиња.

Осигурете се дека вашиот радио приемник работи пред доаѓањето бидејќи аудио звукот од филмот ќе се пренесува преку радио фрекфенција.

Мерки за превенција:

– Бидете максимално 2 лица во вашето возило

– Носете заштитни маски при влез и за време на проекцијата на филмот

– Возете максимално 10 километри на час откога ќе влезете во просторот на Drive – IN Cinema

– Доколку е потребно да одите до тоалет, носете маски и ракавици, застанете на означените места затоа што сите треба да се грижиме за јавното здравје.

– Следете ги поставените редари, знаци и инструкции

– Паркирајте се на означените места

– Ве молиме осигурете се и исклучете ги вашите светла по вашето паркирање

– Доколку немате потреба, ве замолуваме да не отстапувате од внатрешноста на вашето возило

– Не седете на вашите автомобили да не би сметале на другите околу вас.

Кетеринг:

-Доколку сакате да бидете услужени со храна или пијалок надвор од понудените пакети, од моментот на пристигнување на Вашето место, вклучете 4 трепкачки светла се до моментот додека не бидете услужени.

-Ве молиме тоа направете го најдоцна 45 минути откако ќе пристигнете во Drive – In Cinema

РЕЗЕРВИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО МЕСТО, БИДЕЈЌИ МЕСТАТА СЕ ОГРАНИЧЕНИ !

ЦЕНА НА ВЛЕЗНИЦА – 150 денари

Броеви за резервација :
1.078/265-516
2.078/430-356

Очекувајте многу изненадувања, наградни игри и други забавни активности.

За повеќе детали на настанот, кликнете ОВДЕ

ОД ВЕЛЕС ЗА ВЕЛЕС!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1