„Бидете луѓе, оставете не“- Тага и солзи пред куќата на родителите на Дениса


Во информацијата, која утрово пристигна од Атина во Македонија стои дека со 99,9 проценти сигурност ДНК анализата покажала дека телото најдено во водите на Егејското Море на 4-ти октомври е на младата прилепчанка Дениса Марковска, јавува Канал 5.

Дури 15 дена на грчките органи им требаше за да пратат повратна информација кон Македонија која го потврди најлошото. Од МНР потврдија дека анализата од Грција е стигната и дека преку службите на полицијата таа им е доставена на семејството Маркоски во Прилеп. Законските одредби сега предвидуваат преку дипломатски канали МНР  да издаде спроводница за да се донесе телото на Дениса.denisa brod1

Канал 5 контактираше со членови на семејството на Дениса, но тие не сакаале да коментираат ниту да потврдат дали нешто им е доставено.

„Бидете луѓе, оставете не“- им рекле на новинарите кои стоеле пред семејната куќа на Марковски во Прилеп, каде роднините на девојчето плачеле.

Најблиските изразиле сомнеж во резултатите токму поради бавноста на постапката и на полициските службеници им најавиле дека ќе бараат нова обдукција и нова ДНК анализа која ќе се изврши во Македонија. Тие очекуваат дека ќе им биде излезено во пресрет и во македонските лаборатории ќе биде направена втора анализа и за причините на смртта кои се уште никаде не се објавени и за проверка на останатите податоци поврзани со мистериозната судбина на Дениса.

Ќе се бара и проверка на други детали откриени во истрагата, каде е сим-картичката од телефонот на Дениса. Последен пат кога била видена на палубата на бродот, Дениса го носела телефонот, тој е најден но без картичка во него. Се уште тлеат и сомнежите дали некој од бродот, гостин или член на екипажот и направил нешто на Дениса.

Таа исчезна ноќта на 12-ти септември од бродот „Серинисима“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1