БИДЕТЕ МИРНИ: Стигнаа резултатите – Нема ебола во Македонија (Видео)


Пристигнаа резултатите од испитувањата по смртта на Британецот кој почина во Македонија, а за кој постоеја сомнежи дека починал од ебола.

ebola-500-Информирам дека пристигна резултатот и истиот за среќа е негативен. Известени се британската амбасада и Светската здравствена организација и донесена е одлука за прекин на карантинот во хотелот и Клиниката за инфективни болести, истакна Јованка Костовска, раководител на секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство.

Здравствените власти велат дека иако сомнежот за ебола се намалуваше со текот на времето, сепак биле обврзани да постапуваат по светски протокли.

За нив секој друг начин е опасна импровизација која не смее да си ја дозволи никој здравствен систем.

Костовска упати благодарност до лицата кои беа во карантин за почитувањето на наредбите и насоките.

Директорот на Инфективна клиника, Ѕвонко Миленковиќ, посочи дека пациентот кој почина, таму бил третиран 45 минути. Реагирано е итно и превземени се сите мерки.

Британскиот државјанин почина во четвртокот вечер, со тешки симптоми.


Курир.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1