БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: делови од Македонија под жолта алертна фаза


Полошкиот и Осогоско-Малешевскиот регион ќе бидат под жолта алертна фаза поради високите температури кои наместа ќе достигнат и до 38 степени.

Screenshot_106

Поради високите температури со ниво на прв степен предупредување (жолта фаза) што ќе ја зафатат Македонија, надлежните предпорачуваат граѓаните да не се изложуваат на директна сончева топлина од 11 до 16 часот.

Избегнување на престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

На работодавците им се препорачува преземање превентивни мерки за вработените лица, кај одредени ризични производни и технолошки процеси кои може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници и почитување на законските прописи од оваа област.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1