Несреќа се случила вчера попладнето во тетовското село Ново Село.
Според полициските информации, 73-годишниот Исмаили Јелатбари околу 17:30 влегол во сопствената штала, но бил нападнат од бик.
Со тешки повреди старецот бил пренесен во тетовската болница, но лекарите можеле само да констатираат смрт, како последица од повредите на главата и телото.
Телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.