Самохрана мајка остана и без стан и без пари – тврди ја измамиле вработени од министерство


Струмичанката Валентина Атанасова, самохрана мајка на две деца, во борбата да го реши станбеното прашање остана и без стан и без пари.

Таа пред две години се вселила во напуштен стан во Струмица, сопственост на државата, како што вели со дозвола на висок функционер од власта. Напуштениот и руиниран стан таа го реновирала и притоа инвестирала две илјади евра. Во обидот да добие решение за користење се обратила до надлежната владина комисија, а потоа и во Министертството за транспорт и  врски. И оттогаш почнуваат нејзините маки, јавува Телма.

strumicanka_sotasev

Таму била пречекана од измамници кои и` ветиле дека по заобиколен пат ќе и помогнат да го оствари своето право. Атанасова тврди дека зад измамниците стојат вработени во Министерството транспорт и врски.

Откако видела дека е измамена таа случајот го пријавила во полицијата. Пред неколку денови измамниците се притворени и против нив е покрената соодветна кривична пријава.Покрај тоа што останала без пари, таа треба да го напушти станот во кој досега живеела. Акционерското друштво за домување и изградба на станови го доби судскиот спор против неа за бесправно вселување и сега во нејзиниот стан треба да се всели друго лице.

Директорот на Акционерското друштво за домување и изградба на станови ги отфрла обвинувањата на Атанасова. За него целата постапка околу овој случај е законска.

Целата сторија на – Телма 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1