Комисијата за лустрација го прогласи академик Иван Катарџиев за соработник на службите.
Одлуката за лустрирање на познатиот историчар, како поранешен носител на јавна функција, е донесена минатата недела, а неговиот идентитет беше објавен денеска на веб-страницата на Комисијата за лустрација, откако истече законски предвидениот рок од три дена.
Според лустраторите, Катарџиев дејствувал под псевдонимот „Марко Мариќ“ и’ и давал информации на СДБ за повеќе лица.
Во регистарот на соработници на службите од вчера се запишани и имињата на Вељко Пешиќ, поранешен директор на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово и Михаил Јанушев, поранешен директор на скопската гимназија „Георги Димитров“.
Комисијата за верификација на факти лустрираше досега 143, главно, поранешни, но и актуелни функционери, меѓу кои има уште неколку членови на МАНУ.