Американски новинар и уредник на “ABC”, 40-годишниот Дон Енис два пати си го сменил полот.
Тој направил операција да биде жена бидејќи се чуствувал како жена заробена во машко тело, а потоа повторно го сменил полот откако имал амнезија.
“Бев убеден дека е 1999 година. Мислев дека мојата сопруга ми подготвила некаква сурова шала со женската облека, перика, па дури направила и лажна лична карта на име Дона. Но, откако го тргнав градникот, ја пронајдов вистинската причина зашто воопшто го носев”, вели Дон.
“За среќа, спомените од последните 14 години се вратија. Но, тоа што не се врати е мојот идентите, односно чувството дека сум жена и дека се викам Дона. Ви пишувам да ве известам дека го менувам своето име во Дон Енис. Тоа ќе биде повторно моето име и така ќе остане”, вели тој во своето писмо.