Бил мртов во својот стан 7 години – соседите не забележале


Италијанските извршители кои упаднале во станот на пензионер откако престанал да ги плаќа сметките, го пронашле мумифициран и претпоставуваат дека е мртов веќе седум години.

mrtvacnicaT

 

Флавио Варгиу бил пронајден целосно облечен на подот во својата кујна во Сампиердарена, предградие на Џенова. Покрај него лежел и календар од февруари 2008 година, што надлежните ги наведува на помислата дека умрел некаде во тој период.

Бидејќи вратата била заклучена од внатре, се претпоставува дека умрел со природна смрт. Варгиу живеел сам и немал никакви односи со соседите.

„Беше многу затворена личност и знаеше да ни каже дека се подготвува за дом за пензионери“, рече еден од соседите, при тоа додавајќи дека никој не забележал дека толку долго време го нема човекот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1