Кој се Јан Коум и Брајан Актон, кој за 19 милијарди долари им го продадоа на Фејсбук својот сервис за испраќање пораки WhatsApp?
Јан е доселеник кои живеел од социјална помош, а Брајан пак бил одбиен за работа од Твитер и од Фејсбук – фирмата која 4 год подоцна го направи милијардер.
Јан Коум (37), имал само 16 години кога неговото семејство се доселило во САД од Украина, каде живееле во тотална сиромаштија. Коум израснал во рурална средина, во куќа без струја и топла вода. Кога се доселиле во Америка, неговото семејство егзистирало благодарение на тоа што добивале помош во бонови за храна. Во знак на сеќавање на своите тешки почетоци, Коум договорот за превземање од Фејсбук го потпишал токму во канцелариите на социјалната служба во Маунтин Вју, каде неговото семејство редовно доаѓало по бонови. Но, овај пат до канцелариите дошол во своето „порше“.
Потоа бил одбиен и од Фејсбук.
На крај се откажал од барање работа и заедно со Јан Кум решиле да почнат да работат на свој проект. Проектот наречен Whatsapp вчера им го продале на Фејсбук за 19 милијарди долари.
Whatsapp е формирана во 2009. година – ја развилиле Whatsapp работејќи во кафулиња и од дома. За само пет година апликацијата има повеќе од 450 милиони корисници. 18 милијарди кратки пораки секој ден – текстови, фотографии, видео и аудио-пораки низ целиот свет
Во првата година е бесплатна, потоа се плаќа еден долар за секоја наредна година. Во неа нема реклами, а според соосновачот на WhatsApp, Јан Коум, така и ќе остане. Значи: „Без реклами, без игри, без многу ’шминка’“, како што стои на мотото-рачно напишана порака залепена на работната маса на Јан Коум.