Во сабота ќе ја чуеме песната на Македонија со која Тијана ќе се бори на Евросонг


Во сабота со почеток во 21 часот и 30 минути, Македонската Радио Телевизија во специјално издание на музичкото шоу „Хит на месецот“ ќе ја претстави евровизиската песна „Таму кај што припаѓам“, со која Тијана Дапчевиќ ќе настапи на 59-тото издание на Изборот на песна за Евровизија.

1-foto-tijana-dapcevic-2Музиката за песната ја подготвија Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, додека Димитров ги подготви и аранжманот и продукцијата. Текстот за македонската верзија го изработи Елена Ристеска, додека за англиската верзија со наслов “To the Sky” се погрижија Елена и Дарко, во консултација  со Лаура Роска од Романија.

„Многу верувам во песната, сигурна сум кога ја пејам и сигурна сум во добар пласман,вели Тијана

Во следните денови ќе се снима и видео записот за Евровизиската песна.

Изборот на песна за Евровизија оваа година се одржува во Копенхаген, Данска од 6-ти до 10-ти мај. Македонија настапува во второто полуфинале на 8-ми мај и ќе го забележи своето 14-то учество на најгледаното музичко шоу на стариот континент.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1