Била сираче – случајно седнала до најбогатиот бизнисмен – сега не знае колку пари има


Ја нарекуваат руската „кралица “. Taa случајно седнува во авионот до еден од најбогатите бизнисмени во светот и сега ja предводи неговата компанија. Станува збор за Маргарита Луј- Драјфус, претседател на францускиот гигант во трговијата со суровини Louis Dreyfus Holdings, чие лично богатство се проценува на 6 милијарди долари, според Форбс.

margaritaТаа се смета за најбогатата Русинка во светот. Маргарита останува сирак, кога има седум години, откако нејзините родители умираат при сообраќајка со воз. Таа е потоа чувана од нејзиниот дедо во поранешниот Советски Сојуз и завршува на Московскиот државен универзитет.

Маргарита се среќава со нејзиниот иден сопруг – милијардерот Роберт Луј- Драјфус, во авион во 1988 година. Тој умира од леукемија 20 години подоцна, а Маргарита, која е мајка на три деца, застанува на чело на една од најголемите компании за трговија со суровини во светот, како и на чело на францускиот фудбалски клуб Олимпик Марсеј. Може да не сте слушнале за 160 -годишната компанија Louis Dreyfus, но таа тргува по 70 милиони тони земјоделски производи секоја година и има 30 000 вработени.

Во интервју за Си-Ен-Ен Маргарита Луи Драјфус дели за „судбината “, која ја поставила во авионот до идниот сопруг, се до неговата болест ја научила да се справи со „луѓе со големо его ” и плановите за компанијата, која тврди дека храни и облекува 500 милиони луѓе низ целиот свет.

„Спомените од детството мое во Санкт Петербург се многу позитивни. Пораснав без родители, но со мојот дедо. Немав чувство дека сум напуштена, бидејќи тој ми даваше доволно љубов. Го сретнав Робер во авионот на пат од Цирих до Њујорк. Тој тогаш работеше како извршен директор на Saatchi & Saatchi, а јас одев на одмор од Швајцарија во Њујорк. Разговаравме за кратко во авионот, а потоа, кога се вратив од одмор, се сретнавме повторно. Кога ги родив нашите близнаци, сфатив дека Робер е болен од леукемија. Никој од нас веќе не можеше да живее нормално. До раѓањето на близнаците бев домаќинка. Потоа се појави оваа сериозна болест, која го промени нашиот живот целосно. Веќе не можевме да одиме заедно на семеен одмор, каде што сите се среќни. Болеста беше секогаш со нас и одевме по различни лекари. Имавме големи надежи дека сепак му остануваат уште многу години, но не беше така. Тој почина после три години откако требаше да соберам петмина професори од целиот свет на иста маса.“, изјавила Маргарита.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1