Биометриска возачка ви важи само во 4 држави – за другите мора меѓународна возачка


Со македонската биометриска возачка дозвола, без да се вади меѓународна, можете без проблем да патувате во четири држави и тоа во Албанија, Шпанија, Италија и Словенија. Меѓутоа, меѓународната возачка дозвола е задолжителна за сите кои со возило сакаат да патуваат во останатите земји, пренесува Вечер.

VOZACKAЗа издавање на меѓународна возачка дозвола потребно е да носите 2 фотографии (45мм х 35 мм) и документ за идентификација (лична карта или пасош) 950 денари.

Меѓународната возачка дозвола оди во комплет со националната возачка дозвола и нејзината важност е 3 години.

Во интерес на граѓаните, освен централата во Скопје, преминот Богородица е второто место каде АМСМ ги издава сите потребни документи за излез со возило од земјава.

Тоа се меѓународната возачка дозвола, одобрение за управување на туѓо моторно возило надвор од земјата, зелениот картон и патничкото осигурување.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1