Синоќа околу три часот двајцата непознати разбојници вооружени со пиштол и автоматска пушка влегле во стан на двајца браќа. Но браќата ги забележале напаѓачите на влезната врата и им се спротивставиле.
Во ходникот во станот настанала турканица, тепачка меѓу браќата и разбојниците. Во турканицата еден од провалниците испукал куршум од автоматска пушка, којшто смртно го погодил другиот разбојник кој бил со него.
По убиството, напаѓачот избегал, а од полицијата велат дека идентитетот на убиениот и другите лица ќе го соопштат подоцна.