Бит пазар – крадец си го убил партнерот по грешка


Policija-11-e1350304715139Синоќа околу три часот двајцата непознати разбојници вооружени со пиштол и автоматска пушка влегле во стан на двајца браќа. Но браќата ги забележале напаѓачите на влезната врата и им се спротивставиле.

Во ходникот во станот настанала турканица, тепачка меѓу браќата и разбојниците. Во турканицата еден од провалниците испукал куршум од автоматска пушка, којшто смртно го погодил другиот разбојник кој бил со него.

По убиството, напаѓачот избегал, а од полицијата велат дека идентитетот на убиениот и другите лица ќе го соопштат подоцна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1