Битка меѓу довчерашните другари: Јакимовски и Петров во втор круг во Карпош


Стевчо Јакимовски и Андреј Петров – довчерашните сопартијци ќе се борат еден против друг во вториот круг од изборите за градоначалник на Карпош. Јакимовски во првиот круг освои убедливо поголем број гласови од своите противници. Според информациите разликата била околу 7.000 гласа.

karpos petrov stevco

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од СДСМ, Андреј Петров денеска изрази благодарност до граѓаните за поддршката која му ја дале за да влезе во втор круг на локалните избори

– И покрај тоа што поради објективни причини доцна почнавме со нашата кампања, во Карпош граѓаните ни дадоа значајна поддршка која ќе се обидеме да ја зголемиме во вториот круг на локалните избори, рече на денешната прес – конференција Петров.

Тој најави дека во наредните две недели повторно ќе објасни неговата програма и ќе ја бара поддршката за подобра иднина општината и граѓани.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1