СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Д. (50) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.
На 24 април околу 16.00 часот пријавениот влегол во спалната соба на поранешната сопруга, со викање ја разбудил и со кујнски нож и се заканил дека ќе ја убие. Потоа почнал да турка и влече низ ходникот, по што нивниот син дошол да ги раздели.
Пријавениот сам паднал во ходникот по што повикал полиција.