СВР Битола поднесе кривична пријава против лицето Д.Ј. (45) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела загрозување на сигурноста и телесна повреда.
Пријавениот на 22 февруари годинава, по претходна расправија, упатил сериозни закани по живот и тело на неговата сопруга С.Ј. (45), по што истата избегала од домот.
Пријавениот успеал да ја стигне по што ја удирал со тупаници и ја влечал за косата.