Битолчанец нема струја, а добива сметки за радиодифузна такса


Кога ќе зајде сонцето и ќе го најави мракот во секој дом се палат светлата, но не и во оваа куќа каде светлина донесе само нашата камера која ни го осветлување патот до домот на Акифовски. Овие кадри не се снимани во 21та година, туку се денес ноември 2014та година. Поимот електирчна енергија како сеуште да не е измислен за овие луѓе, пренесува телевизија Тера.

Татко ми живеел вака јас живеам вака па изгледа и моите деца и внуци, вели Акифовски.

radiodifuzna_taksa

Готват, перат, што би се рекло живеат додека е дење, навечер со по некоја свеќа седат за да се осветли книгата од која учи најмладиот од ова осумчлено семејство. И како така се снаоѓаат и не се жалат, но маката пак им затропа на врата, немаат електрична енергија, а државата од нив побарува наплата на радиодифузна такса.

Два пати плаќам по 3700 денари ми ја блокираат сметката отидов во УЈП ме пратија во ЕВН од таму кај правобранителот и заради тоа што сум државјанин на РМ по закон мора да плаќам.

Според законот за РДТ во делот ФИНАНСИРАЊЕ НА РАДИОДИФУЗНАТА ДЕЈНОСТ во члeнот 72 се вели

Радиодифузна такса плаќа секој корисник на радио и телевизиски приемник.
По исклучок од став 1 на овој член Владата на Република Македонија на предлог на Советот ќе определи кои корисници на радио и ТВ приемници, како и подрачја кои не се покриени со квалитетен радиотелевизиски сигнал, нема да плаќаат радиодифузна такса. Семејното домаќинство како корисник, независно од бројот на радио и ТВ приемниците што ги поседува, плаќа една радиодифузна такса. Претпријатијата и другите правни лица, освен државните органи и воспитно-образовните организации и јавните здравствени организации плаќаат радиодифузна такса за секој радио и ТВ приемник што ги поседуваат, како и за приемниците вградени во нивните моторни возила. Корисниците од ставовите 4 и 5 на овој член кои поседуваат само радио приемници плаќаат 1/3 од утврдениот износ на радиодифузната такса.

Во случајот на Акифовски останува да се надева дека ќе собере 25 илјади евра колку што ЕВН му побрала за трафостаница и да стане сопственик на телевизор на кој ќе гледа и ќе знае зошто плаќа РДТ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1