Вчера околу 03,00 часот Д.О.(34) од Битола бил повикан од Б.Н, Л.Н и М.С., сите од Битола на ул.„Сремска Митровица“, со цел да поразговараат.
По кратко време физички го нападнале нанесувајќи му повреди по главата и телото, по што паднал во бесознание.
Потоа го ставиле во када со ладна вода, но откако виделе дека не помага, со ПМВ„Рено Лагуна“ го однеле во с.Загорани-Прилеп, во куќата на еден од напаѓачите, каде го оставиле.
Д.О. успеал да избега, по што бил пронајден од месното население и бил однесен во МЦ-Прилеп, каде е задржан на лекување.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.