Шеесет годишниот Јорго Ангелевски починал од несоодветната терапија што ја добил во Службата за ургентна медицина во Клиничката болница во Битола, кога наместо инфузионен раствор, како терапија за плакнење на желудникот, му било дадено средство за дезинфекција, со кое хигиеничарките во Службата вообичаено го чистеле подот на болницата, пишува Нова Македонија
Ова го утврдило токсиколошкото вештачење на Институтот за судска медицина во Скопје, кое деновиве пристигна во Битола и кое беше доставено до истражните органи.
Веднаш по добивањето на токсиколошкото вештачење СВР Битола поднесе кривична пријава против техничарот на службата З.Д (48) за кривично дело “убиство од небрежност”.
Јорго Ангелевски , кој боледувал од хронична депресија, откако се напил поголема количина лекови за смирување самиот се упатил во Клиничката болница во Битола да побара лекарска помош. Бил примен во службата за ургентна медицина, каде што му дала дадена терпаија. Но наместо да му се подобри здраствената состојба, истата нагло му се влошила, по што тој веднаш бил пренесен во одделението за интензивна нега. Следниот ден на 14 август тој починал по што беше погребан на влашките гробишта во Битола. Според истрагата него по грешка му била дадена наместо инфузија шише полно со течност за дезинфекција на подови.
Поопширно на „Нова Македонија“