Битолчанка ја врзувала ќерка си додека ја силуваат- кога се спротивставувала, ја бодела со нож


Девојче од Битола е брутално силувано во својата куќа, а мајката на првите соседи за силување на нејзината ќерка наплатувала од 500 до 1.000 денари, пренесува Вест.мк.

Жена од Битола, чие име не е соопштено, ја продавала својата 11- годишна ќерка на соседите, а додека тие ја силувале, мајката на ќерката и ги врзувала очите и и ги држела нозете.zlostavljanje-dece-pedofilija-maltretiranje-hapsenje-620x350-43814

Кога девојчето се спротивставувало, мајката го бодела со нож и го тепала со метла.

Очевидците од монструозниот чин биле нејзините брат и сестра, на кои мајката им се заканувала ако проговорат нешто од тоа што го гледаат.

Тоа сепак дошло до полиција. Мајката е уапсена, а подоцна и осудена на 10 години затвор, но пресудата сеуште не е правосилна. Затворска казна од 8 години е изречена и на двајца мажи кои го силувале малолетното девојче. Се ова се случувало уште во 2011 година.

Според обвинетите девојчето е брутално силувано во нивната куќа, а клиентите биле првите соседи кои на мајката и наплатувале од 500-1000 денари.

Прва пат кога се случило ова, девојчето си играло во дворот. Мајката ја повикала да влезе во куќата, ја соблекла гола и ги врзала очите и ја легнала на креветот држејќи и ги нозете се додела клиентот ја силувал.

За време на првиот сексуален однос девојчето, почнало да вика од болни, а мајката за да не ги изгуби парите од клиентот, својата ќерка ја бодела со нож за да ја замолчи. Наредниот ден истиот сосед повторно дошол да го силува девојчето, но на нејзината мајка тогаш и платил двоструко, 1.000 денари.

Неколку дена подоцна, во куќата дошол и друг сосед кој за 1.500 денари два пати го силувал девојчето.

Се тоа се случувало пред очите не повозрасниот брат и нејзината сестра кои на крај раскажале на својот татко кој живеел во едно битолско село, па тој веднаш пријавил во полиција.

Обвинетата мајка монструм на Суд не сакала да го признае делото, се бранела со зборовите: “Ниедна мајка не сака да му наштети на своето дете“.

Доказите против неа биле посилни, па таа е осудена на десет години затвор.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1