Комисијата за верификација на фактите две лица прогласи за соработници и наредбодаватели и едно лице за соработник на поранешните тајни служби. Сите тројца се поранешни носители на јавни функции.
Како што изјави за МИА портпаролот на Комисијата Предраг Димитрoвски, едното лице бил вработен во МВР и стигнал до заменик-началник на еден од секторите во МВР.
Ова лице било републички делегат во Собранието и низ документите е утврдено дека бил и извор и наредбодавател. Тој кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години врбувал и следел, меѓу другото, македонски средношколци во оперативна акција насловена „Младинци“, а во седумдесеттите години истите активности ги спроведувал и кај албански студенти кои биле на студии во Скопје.
Бил ангажиран кај лица за кои постоело сомневање дека делувале од позиции на македонски национализам и сепаратизам, како и за албански национализам и шовинизам. Документите потврдуваат дека со своите активности ги прекршувал основните човекови права и слободи од идеолошко-политички причини.
Второто лице, екс декан на факултетот за безбедност бил и соработник и наредбодавател
Бил вработено во МВР во повеќе градови низ Македонија и според комисијата ги прекршувал човековите права и слободи, Во осумдесеттите години станува директор и декан на Факултетот за безбедност.
Лустриран е и екс републички делегат во општествено-политичкиот собор, кој извесен период и потпретседател на кичевското собрание.