Тодоровиќ и Канческа Милеска на рапорт во Владата за Скопје 2014


filip spomenikСпоменик по споменик. Договор по договор. Анекс по анкес. Повеќе од два часа, министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска и екс-граодначлникот на општина Центар пред голем број новинари реферираа за тоа колку пари се потрошени за проектот Скопје2014.

За секој споменик детално се презентира, колку пари добил авторот, колку компнијата која го лиела, а колку изведувачот на теренските работи.

Се чешлаа сите договори како и сите нивни анекси.

Според Канческа-Милевска  проектот се водел крајно транспарентно, а истиот  има најразлични придобивки, па не е запоставена ниту една општествена сфера . Паралелно со него се градат патишта и се вложува во земјоделството.

KanceskaMilevska-564x272

„Проектот, придонесе за 54 проценти зголемување на туристите во последниве пет години и за раст од 3,6отсто на извршените градежни работи кои најчесто се изведувани од домашни фирми.

Канческа – Милевска информираше дека процентот  на годишно ниво за капитални инвестиции во проектот Скопје 2014 во 2008 година изнесувал 0, 5 отсто од вкупниот буџет на Република Македонија, за 2009 0, 76 отсто, за 2010 1, 1 отсто, за 2011, 2, 2 отсто, за 2012, 1, 6 отсто и за 2013,  1, 5 отсто.

Скопје истовремено прерасна во метропола и беше продолжен процесот на изградба на централното подрачје после речиси 50 години стагнација од земјотресот во 1963 година наваму“, вели Канческа-Милевска.

vladimir-todorovic-nova

Владимир Тодоровиќ нагласи дека од целокупните суми кои што се наведени како авторски хонорар, за авторот се наменети само 10 до 20 отсто, а дека другите средства се на име на авторски трошоци (закуп на простор, ангажман на асистенти и соработници, изработка на калап во глина, изработка на калап во гипс, леење итн. ). Тој  нагласи дека голем дел од овие средства, авторите ги враќаат повторно во државната каса како ДДВ и како персонален данок.

Одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата во однос на стилските решенија, Канческа Милевска рече дека и неможе да се говори за стилови, затоа што, како што нагласи, во минатото воопшто и не се градело. Потенцираше дека паралелно со спомен обележјата се гради и во сите други области на општественото живеење.

Екс-градоначлникот на Центар, Владимир Тодорович и министерката за култура Елизабета Канческа Милевски пред јавноста на мега прес конференција одговараат на прашања за проектот Скопје 2014.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1