Денеска на Светонеделските гробишта во Битола е погребан познатиот битолски адвокат М.Ѓ., кој почина доцна синоќа од бизарна смрт, на 54-годишна возраст пишува весникот „Нова Македонија“.
Според обдукциониот наод на одделението за судска медицина на Клиничката болница во Битола, M.Ѓ. починал од давање со парче месо.
Според засега непотврдени информации битолскиот адвокат синоќа во својот дом наводно вечерал заедно со својата придружничка.
Во еден момент тој почнал да се дави од парче месо, по што придружничката испаничена го напуштила домот и пријавила в полиција, оставајќи го адвокатот самиот да се бори за својот живот. Тој подоца бил пронајден мртов во неговиот дом, пишува весникот Нова Македонија.