Бизнисменот Ристо земал пари и од грчки попови – суден е и за уште 63 измами


Откако во јавноста се рашири скандалот со изборот на Мис на Македонија и меѓусебните препукувања меѓу организаторката Лидија Велковска и бизнисменот од Австралија Ристо Димовски, до редакцијата на МКnews пристигна писмо од човек кој тврди дека исто така бил жртва на измамите на бизнисменот Ристо. Ни испрати и линк од стар текст во Дневник во кој се пишува за судење и пресуда против македонски државјанин вза измама – односно токму за Ристо Димовски кој е во центарот на скандалот со мис во моментов. Еве што вели нашиот читател , а во продолжение и текстот објавен во дневник.

biznismenot-elitnaa

,,Димовски е еден многу софистициран и интелегентен преварант и лажго против кого се водат многубројни судски процеси за финансиски малверзации, лаги, уцени, измами, затајување данок, примање неовластена пензија и многу други, во Австралија.
Тој во моментов нема никаков бизнис и ограничен е финансиски бидејќи му е блокирана сметката во Австралија поради споровите. Јас немам никаква врска со Лидија Велковска или било кој друг, живеам и работам во Австралија и сум само еден од многуте жртви на неговите измами.,,
Еве што за него пишуваше Дневник
Австралискиот судија Мик Морахан деновиве во градот Голд Коуст во таа држава го осуди македонскиот државјанин и поранешен дописник на Македонската радиотелевизија од Сиднеј и Мелбурн, Ристо Димовски, на најмалку 8 месеци затвор оти измамил католички свештеник и му зел 131.000 австралиски долари за да го извлече смејството од “војната што ја зафатила Македонија”. Според австралискиот печат, Димовски признал дека сите пари ги прокоцкал. Судијата Морахан највил дека во меѓувреме на Димовски ќе му суди и за 63 други измами со кои зел пари од Грчката православна црква и од Католичка црква во Австралија. Судијата во своето образложение го критикувал католичкиот свештеник бидејќи дозволил да го насамарат. Морахан го критикувал и го укорил отецот Петар Робинсон од Католичката црква “Свето срце” од Рандвик оти 44 пати наседнал на измамите на Димовски и му дал пари во кеш во износ од 131.253 долари.
– Виновен сум за 63 измами поврзани со пари што сум ги добил од Католичката црква во Австралија пред три години. За другите 1.050 долари ја измамив Грчката православна црква во Њу Кастл во градот Хамилтон – признал Димовски пред Судот. Судијата Морахан го осуди Димовски на најмалку осум месеци затвор и најавил дека почесто ќе се среќава со него оти ќе му суди и за 63 други измами.
– Вие намерно со измама зедовте повеќе од 132.000 долари од католички и грчки свештеници велејќи им дека вашето семејство е во голема неволја. Ова е навистина чин за осуда – му рекл Морахан на Димовски. Димовски заминувајќи в затвор на полицијата и на судот им изјавил:
“Сите пари ги прокоцкав и никогаш не ја напуштив Австралија”. Димовски е позната личност во Битола и во Македонија. Тој од Сиднеј и Мелбурн известувал за МРТВ, а извесно време му бил портпарол на владиката австралиско-новозеландски г. Петар. Тој пред четири години се кандидирал и за градоначалник на Битола.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1