Бизнисот со свадби врти милиони – 50 милиони евра годишно на свадби во Македонија


Колку чини една свадба? Колку пари се вртат на годишно ниво во Македонија? Македонците трошат по околу 50 милиони евра годишно на свадби, пишува denar.mk

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) во Македонија, во просек секоја година се склучуваат по 14 илјади бракови.svadba445

Пресметките покажуваат дека една обична и скромна свадба со 200 гости чини најмалку четири илјади евра. Сепак има и луѓе кои не слават, но и такви кои трошат и десетици илјади евра. Оттука може да се зборува само за релативни и просечни суми, но во овој бизнис се вртат најмалку 50 милиони евра годишно.
Најмногу пари за ресторан – порција од 12 па до 50 евра

Прослава во ресторан, хотел или дома. Ова е основната дилема при организирањето на свадба, а и еден од најголемите трошоци. Изборот зависи од вкусот, но и од паричникот.

Бројот на ресторани кои се специјализирани за свадби расте постојано. Сепак, со зголемената конкуренција угостителите не ги намалија цените, само почнаа да нудат дополнителни услуги.

Цените на менијата со години се речиси исти – се движат од 12 па до 50 евра во зависност од порциите, од пијалаците, но и од угледот и локацијата на самиот ресторан – за најевтината понуда од 12 евра, за свадба со 200 гости ќе треба да се одвојат 2.400 евра.

Со еден, тројца или пет попови – Македонската православна црква има тарифник за услугите. Цените се движат од 50 до 100 евра, плус дополнителни трошоци. Така на пример, ако младите одлучат да ги венча еден поп ќе платат 4.000 денари или три попа 5.500 денари.crkvaven904802984

Цената за венчавка е различна во секоја црква и најверојатно тоа се должи на местоположбата на храмот, дали е во центар или на периферијата. МПЦ-ОА дава услуги и во странство каде има наша дијаспора, цените се разбира се повисоки согласно тамошните стандарди

Муслиманите и католиците овој чин ги чини поевтино. Оџата за венчавка наплаќа 1.000 денари, а католичкиот свештеник само 700 денари.

Но за да биде законски признат чинот на венчавање треба да биде извршен и од страна на државните матични служби. И услугите на матичарот имаат различна цена. Ако сакате да дојде на локација по ваша желба во работен тоа ќе ве чини 50 евра, за викенд двојно повеќе. Во општинските простории цените се неколку пати пониски.

Венчавката секако е момент за паметење. Фотографиите и видео снимките помагаат спомените да не избледнат. Најмувањето професионалци веќе е пракса – чини од 50 до 3.000 евра во зависност од квалитетот, но и дали гостите сами ќе си платат за сликите со младите. Конкуренцијата во овој бизнис е многу голема, па неретко се случува во обид да се заштеди, да се остане без добри снимки. Затоа, мора многу да се внимава при изборот.

Венчаница и одело – трошок од најмалку 400 евра

Еден од најважните делови на свадбата секако е изборот на гардероба – венчаниците чинат од 250 па и до неколку илјади евра. Младоженците за костуми плаќаат и до два пати помалку.svadba11

Музика – трошок од најмалку 400 евра

Што и да се одбере за прослава на еден од најважните денови во животот, невестата и младоженецот ќе мора да издвојат од 400 па се до неколку илјади евра. До 800 евра чини бенд без разлика за каква музика станува збор. А ако како главен забавувач дојде популарен пејач тогаш цената достигнува од 1500 до 2000 евра.

Околу 150 евра чини салонски оркестар кој би свирел 15 до 20 минути додека трае чинот на склучување на бракот во матично или во ресторан.

ЦЕЛАТА АНАЛИЗА НА – denar.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1