Пред 5 месеци добила дете, а пред 9 дена го загубила сопруот. Нема крај на агонијата на 39 годишната Благица од скопско Волково. Таа заедно со своите 4 деца живее во објект во кој е вселена на диво.
Без покрив над глава, во импровизирана куќа која нема ниту прозори ниту врати живее 39-годишната Благица, самохрана мајка на 4 малолетни деца. Нејзиниот сопруг починал пред 9 дена, а тоа дополнитело и го отежнал животот. Благица тешко врзува крај со крај, а нејзините деца често се гладни. Вели дека нема храна ни за 5- месечниот Христијан.
-За малото немам ни за млекце, комшии ко комшии колку можат ќе помогнат, ама не е еден ден и не се должни, треба утре пак. единствениот оброк децата го добиваат од црковната кујна, вели Благица
Во куќата престојува привремено, вели диво е вселена и во секое време можат да ја урнат. Нема ниту струја, ниту вода. Децата учат на свеќа, бидејќи единствената светлина во куќата доаѓа од уличните светла.
Благица е невработена и нема никакви приходи. Нејзиниот сопруг повеќепати аплицирал за парична помош, социјален стан и надомест за 4-то дете, но никаде не добил позитивен одговор.
-Од Министерство за транспорт и врски бев и писмено известена дека не може да ми се помогне на никаков начин, а буквално сум сама на улица, немам кој да ми помогне, немам никого, една мајка и таа е болна. Сопругот аплицираше и му рекоа дека за 4-то дете веќе не ни следува, тоа било до 2013-та и навака не важи, вели Благица.
Со 4 малолетни деца и без основни услови за живот, Благица стравува како ќе ја помине зимата. Вели секаква помош и е добредојдена, но најважно и е да добие работа и безбеден покрив над глава.
Целата сторија погледнете ја на Сител