А1 телевизија воскресува во Струмица?!


Од локална валандовска телевизија ВТВ прераснува во регионална и со име „А1″. Тоа е главната вест во струмичката јавноста по најавите за отворање на новата регионална телевизија „Телеканал А1″.

Локалниот телевизиски канал ВТВ официјално во етер ќе зрачи како Телеканал А1, а тој веќе добил концесија за регионална телевизија, јави Нова ТВ. televizija

Главниот уредник Петар Трајков, коко што објави медиумот, на струмичката јавност и бил познат како активист и член на ВМРО-ДПМНЕ. Тој за Нова ТВ не одговорил зошто настанала таква промена и за што ќе се користи овој добро познат бренд на македонската јавност, токму во Струмица.

Новата регионална телевизија Телеканал А1 официјално требаше да стартува од 1-ви ноември, а во исто време се најавуваат уште шест нови регионални телевизии во државата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1