„Не е предоцна“ – бесплатни прегледи за белодробни заболувања


Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза утре организира бесплатни превентивни прегледи на населението со што ќе се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ).

snimka beli drobovi

Прегледите, кои се состојат во тестови за мерење на функцијата на белиот дроб (спирометриски тестови, пулсоксиметрија) ќе се вршат во Домот на АРМ од 10 до 15 часот, а на присутните ќе им биде поделен и пропаганден материјал.

Во активностите, како што соопшти Институтот, ќе се вклучат два тима со по пет лица за изведување пулснаоксиметрија, спирометрија, за пополнување на прашалникот и лекар-специјалист, кој ќе ги толкува добиените резултати. Мерењата ќе се вршат на две позиции истовремено.

Светскиот ден на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) годинава се реализира под мотото „Не е предоцна“

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1