БЛАГОДАРАМ ХЕРОИ- Масовна поддршка за македонската полиција (ФОТОГАЛЕРИЈА)


Граѓаните низ Македонија денеска се собираа да искажат поддршка и благодарност до македонската полиција. За многу кратко време огромен број на граѓани се собираа на плоштадите низ цела Македонија.

Македонските граѓани масовно излегоа во 23 градови да им дадат поддршка на безбедносните сили. Над 70 илјади граѓани низ цела Македонија се заблагодарија за нивниот патриотизам, за нивната професионалност и непоколебливост во одбрана на нашата држава, на нашите животи и нашиот мир и соживот.

155000274_0616_01.MOV.Still

Foto – Kurir.mk

Ове фотографии сведочат за огромната маса на луѓе која во скопската општина Гази Баба даде поддршка за несебичното залагање на безбедносните сили.

Тие собирајќи се во голем број на плоштадот Филип Втори, близу полициската станица Гази Баба и се заблагодарија на полицијата за патриотизмот, за нивната професионалност и непоколебливост во одбрана на државата, на животите на граѓаните и на мирот и соживотот, како и воспоставување на ред и владеење на законите.

Во првите редови од толпата можеше да се види дека и градоначалниците на Град Скопје, како и општините Гази Баба и Петровец ја искажаа својата благодарност и поддршка до македонската полиција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1