Јанкуловска дала отказ – И Миле Јанакиевски си оди од владата – Груевски поднел предлог за нови


Премиерот Никола Груевски вечерва до Собранието достави предлог за избор на двајца нови членови на Владата. Се предлагаат нови министри во министерствата за внатрешни работи и за транспорт и врски, пренесува МИА.

jankulovska

За нов министер за внатрешни работи се предлага Митко Чавков, а за министер за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Чавков е актуелен директор во Бирото за јавна безбедност, а Мисајловски е директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Од доставените биографии може да се увиди дека и двајцата се стручни и професионални лица кои извршувале одговорни раководни позиции.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски седницата за избор на новите членови на Владата ја закажа за утре во 13 часот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1