Блед како крпа, пијан како летва – чудни народни фрази кои ги користиме


 Зошто во секојдневниот говор користиме некои фрази, а притоа ни за момент не сме се запрашале од каде воопшто доаѓаат таквата употреба и споредба. Некои од нив имаат логика, додека на други не може да им се најде крајот. Ова се неколку необични споредби што милуваме да ги користиме во секојдневниот говор, а ги пренесува Нова Македонија .

prasalnik– Пијан како летва
Оваа фраза можеме да ја чуеме многу често, а се однесува на секој алкохоличар, кој едвај стои на нозете, кој се тетерави, кој на каков било начин покажува дека е под влијание на алкохол. Но каква е поврзаноста со летвата? Таа е исправена, ако ја допрете не се поместува, не се клати, не е незгодна по карактер… Но на секој алкохолизиран човек што ќе заврши паднат крај патот му се припишува таа фраза –  „пијан како летва“.

– Грд како куче/ноќ
Има секакви кучиња. Неодамна по светските медиуми беше објавено и најгрдото куче на светот, кое беше фотографирано со неговата горда сопственичка. Но, сепак, може ли куче да биде мерило за нечиј грд изглед. Или пак ноќта. Тие немаат никаква врска со естетиката.

– Гладен како волк
Сите сме го имале чувството на гладност, кога сме мислеле дека би изеле сѐ што би ни се нашло на патот. Во такви случаи фразата „гладен како волк“ е искористена соодветно. Ама зошто баш волк? Тоа не е единственото диво животно или единствениот предатор што сам ја бара својата храна и многу често не ја наоѓа.

– Блед како крпа
Дури ни фразата „блед како ѕид“ веќе не би имала никакво значење, зашто денес речиси ниеден дом нема веќе бели ѕидови. А каква врска, пак, тоа има со крпите? Можеби има врска со минатото, кога крпите навистина биле бели, ама денес оваа фраза нема голема логика.

–    Гледа како теле во шарена врата
Оваа е, можеби, една од омилените фрази. Претпоставуваме дека споредбата ја смислило дете во основно училиште, кое имало креативен напад на часот по ликовно воспитување. А ако се работи за возрасен човек, тогаш сигурно бил „пијан како летва“.

–    Глуп како столб
Вистина е дека столбовите не се баш најпаметни, ама со оглед на тоа дека не поседуваат мозок не би можеле да ги карактеризираме како глупави или паметни. Ама зошто баш столб? Зошто фразата не е „глуп како радијатор“ или „глуп како машина за перење“? По сѐ изгледа дека сите верзии имаат смисла, ама зошто сме навикнати токму на оваа варијанта останува мистерија.

–  Да претепаш некого како мачка
Кутри мачки, ни криви ни должни, завршија во ваква фраза како симбол на тепаност, пониженост и навреденост. Всушност се работи за прекрасни миленичиња, итри и своеволни, кои не можете да ги моделирате онака како што сакате вие. Следниот пат, едноставно, поштедете ги мачките.

– Лут како рис
Рисот е најголемата дива мачка во Европа и е заштитен вид. Многу се слатки со зашилените уши. Функционираат самостојно и ловат навечер, а пленот најчесто им се зајаци, птици, верверици… Сепак, тие многу лесно се иритираат, особено во присуство на други диви животни. Веројатно оваа поговорка е единствената што има логика.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1