Блескава насмевка: Избелете ги забите на природен начин


Ласерите за избелување на забите можат да бидат премногу скапи, а ист ефект со бескрајна белина може да се постигне со помош на лимoн, јагоди или портокали.


Сода бикарбона ги чисти и избелува забите. Помешајте лажичка сода, малку сол и неколку капки оцет и со таа мешавина исплакнете ги забите. Истата постапка повторувајте ја четри пати месечно. Ќе имате прекрасни негувани заби.

Лимoн и сода
Во сад ставите четвртина филџан сода бикарбона и сок од половина лимoн. Смесата нанесете ја на забите и оставите да делува до три минути, но никако не подолго, за да не го оштетите забната глеѓ. Измијте ги забите со паста, а постапката повторете ја еднаш неделно.

Јагода
Ако сакате без мака да ги избелите забите искористите ги јагодите, изгмечете ги и протријте ги забите. Потоа забите исперете ги со паста, а шеќерот и киселината нема да го оштететат глеѓта.

Јаболков оцет

Јаболковиот оцет помага во тргнувањето нечистотии и избелувањето на забите, ги убива штетните бактерии во усната шуплина. Во чаша со вода ставите лажичка оцет и со неа исплакнете ја устата. Постапката можете да ја повторувате секој ден.

Ловоров лист и портокали

Забите ќе бидат бели доколку ги измиете со мешавина на ловоров лист и исушени кори од портокал. Во сад ставите иста количина на мелен сушен ловоров лист и исушени мелени кори од портокал и додадете малку вода. Нанесете на забите и оставете да делува три до четири минути. Потоа исперете ги со паста за заби.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1